Линкови за пристапност

Комисијата за заразни болести предложи укинување на задлжителното носење маски за основците


За наставниците и техничкиот персонал мерката останува. Капацитетот во театрите и кината се зголемува на 75 отсто, се укинува барањето на сертификати во отворениот дел на угостителските објекти се препораките кои денеска ги донесе Комисијата за заразни болести


СКОПЈЕ - Комисијата за заразни болести денеска донесе препорака за укинување на задолжитените маски за учениците во основните училишта. Мерката останува за наставниците и за техничкиот персонал во осмолетките. Доколку ученикот или родителите одлучат дека треба или сакаат да носат маска на часови и во училница тоа ќе биде дозвболено бидејќи станува збор за индивидуален избор.

Околу оваа препорака имало дискусија во Комисијата и е донесена со мнозинство не не и деногласно. Одлуката за укинување се должи на епидемилошката состојба која се подобрува, објаснуваат од Комисијата и додаваат дека доколку предизвика контра ефект мерките ќе бидат вратени.

Начинот на изолација на позитивните ученици останува ист, односно во изолација одат само учениците кои седеле во негова близина.

„Оваа мерка која сега ја носиме е согласно епидемилошкиот ризик. Вомоментот според параметрите се наоѓаме во „зелена зона“. Ги следиме параметрите и доколку има влошување на едпиемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик тогаш може на сила да се вратат истите мерки. Постепено олабувајќи ги мерките согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успеме на терен да ја контролираме епидемиолошката состојба,ќе успееме да не се доведеме во ситуација во каква се доведоа Германија, Велика Британија и Данска, каде имаше нагло влошување на состојбата и скок на бројките“, изјави др Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

На денешниот состанок Комисијата донесе уште две препораки, капацитетот на посетители во затворените објекти - кина , театри и опера да се зголеми од 50 на 75 отсто а во отворените долеви на угостителските објекти и кафулињата да не се бара сертификати од гостите.

За претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, клучно е вакцинацијата на продолжи бидејќи според него тоа е единствената алатка за успешна борба со пандемијата а докаѓано е дека најдобра заштита е доколку граѓаните имаат примено тртета доза вакцина.

„Сакам да потенцирам дека оваа моментална состојба ни дава малку простор да здивнеме. Но во овој период ќе се фокусираме на рекламирање на вакцинацијата и на објаснување зошто. Ние не ја заклучивме пандемијата, ние не знаеме што ќе се случи за еден месец а ниту пак за два или три месеци. Во меѓувреме вакцинацијата ни останува клучна алатка за борба против пандемијата. Имавме малку интензивирање на процесот и праќање на пораки и тоа ќе го засилиме бидејќи има одговор на пораките и потсетувањето за вакцинирање. За најдобра заштита е три дози вакцина и тоа интензивно ќе го објаснуваме“, рече доктор Петличковски.

Процесот на вакцинација стагнираше, во моментов само 41 отсто од населението е вакцинирано со две дози а околу 160 илјади граѓани ја имаат примено третата т.н. „бустер доза“.

XS
SM
MD
LG