Линкови за пристапност

Фрчковски за Глас на Америка: Ќе се залагам за поголема видливост на земјата и позитивните аспекти на нејзината надворешна политика


Фрчковски за Глас на Америка - Ќе се залагам за поголема видливост на земјата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Испразнетото амбасадорско столче во ОН во Њујорк ќе го пополни универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски. Тој во разговор за Глас на Америка вели дека еден од неговите основни приоритети како амбасадор ќе биде заложба за поголема видливост на земјата и позитивните аспекти на нејзината надворешна политика.

„Како и голема способност за решавање на конфликти, еден модел или школа за решавање и преговарање во конфликт на идентитети и тоа да стане видливо и да може да се продаде во меѓународната организација како нејзин дух, кој го остварува една мала земја во еден невралгичен регион на Европа како што е Балканот. Тоа е основната работа. И, како второ, земја како нас, членка на НАТО и на пат кон ЕУ, гласа со групата на земји кон кои припаѓа. Тоа е ЕУ и САД“, вели Фрчковски.

Да се има амбасадор во така значајна меѓународна организација за мала држава е врвен приоритет, нешто што ќе овозможи проширување на кругот на стратешки партнери, вели Фрчковски.

„И потоа еден круг на земји, билатерално и стратешки партнери за нас е најважно за земјата. И, исто така можноста да создаде мрежа на пријатели, да ја промовира својата политика, која Македонија има што да пропагира. Не сме ние земја која треба да молчи и да гледа“, вели тој.

Во однос на руско-украинскиот конфликт, Фрчковски вели дека руската агресија во Украина е кршење на повелбата на ОН, а шокот е од такви размери со што се разнишани темелите на европската и светска архитектура на мир.

„Агресијата на Русија врз Украина е злосторство против светскиот мир и така веројатно ќе биде третирано од Хаг. Украинскиот народ и отпор мора да победат на крајот и да зададат еден последен удар на овој тип на методологија со агресија и употреба на најбрутална сила, да се решаваат меѓународните спорови, какви и да се. Важен е исходот од таа приказна. Таа ќе трае долго. Последиците од тоа ќе биде раскин на односите меѓу Русија и Европа, воопшто на долг рок. Санкциите ќе продолжат и после формалното завршување на конфликтот“, рече Фрчковски.

Идниот македонски амбасадор во ОН, беше назначен со указ на претседателот на државата Стево Пендаровски со кого веќе имал средба. Засега, вели не добил посебни инструкции во однос на неговото делување како амбасадор. Фрчковски очекува неговиот мандат да започне на почетокот на април.

XS
SM
MD
LG