Линкови за пристапност

Османи – Ескобар: Повик за прекин на руските воени дејствија во Украина


Повик за прекин на руските воени дејствија во Украина како и силна подршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, упатиле македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во телефонски разговор.

„Светската осуда на руската инвазија е значаен израз на меѓународната волја за прекин на воените дејствија што претставуваат закана за европската и целокупната меѓународна безбедност. Недостасува соодветна реакција од страна на Народна Република Кина со јавна осуда на руската агресија“, се вели во соопштението на МНР.

Од МНР велат дека Северна Македонија високо ги цени билатералните односи со САД, базирани на долгогодишно стратешко партнерство и пријателство и оти останува посветена за понатамошно надградување на соработката во периодот што следи.

„Американскиот ангажман во Западен Балкан е докажана потврда за стабилноста на регионот и оттука зајакнатото присуство на САД на нашите простори е особено значајно во овој период на безбедносни предизвици“, велат од МНР.

Министерот Османи,измиаинтиот период имаше телефонски разговори поврзани со украинското прашање и со други високи официјални лица на Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG