Линкови за пристапност

Цените одмрзнати, рафтовите се празнат


Министерот за економија, Крешник Бектеши тврди дека има доволно резерви, нема потреба од паника бидејќи ќе се избегнат ценовни шокови и обвини дел од трговците дека манипулирале со залихите за да ги продваат поскапо. Граѓаните очекуваат поскапувања и дополнителен удар на домашниот Буџет

СКОПЈЕ – Одмрзнати цени и празни или полупразни рафтови во маркетите. Ваква беше денес сликата во Скопје и повеќето градови низ државата откако викендов граѓаните масовно и во големи количини купуваа основи прехрамбени продукти.

Од денес на сила стапи мерката со која се замрзнати маржите на трговците на пет отсто за трговците на големо и десет отсто кај трговците на мало што значи дека разликата меѓу набавната и продажната цена не може и не смее да биде поголема од десет отсто во зависност од трговецот.

Граѓаните со доза на резерва околу најавите на надлежните дека ценовен шок нема да има и дека резерви на основните прехрамбени продукти има доволно. Некои од нив не успеале да ги набават продуктите за кои дошле во маркет.

„ Цените поскапеа уште минатата недела. Тие што беа замирзнати не, но останатите артикли беа значително поскапи. Со оваа плата јас набрзо ќе можам да купувам само основни работи“, вели Иван Максимовски.

Повисоки сметки и поскапо гориво е само дел од грижите на граѓаните. Тие тврдат дека трговците никој не ги контролира и ги формираат цените произволно.

„ Викендов затекнав празни полици во два маркети. Се сомневам дека граѓаните ја купиле целата стока. Немаше паника, барем кај луѓето што јас ги познавам. Проблемот е што допрва ќе растат цените а нашата платежна моќ останува иста“, изјави Виолета Атанасовска.

А дека ќе има поскапување на цените на сите акртикли, вкулучвајќи ги и основните предвидуваат експертите и стопанските комори.

Од друга страна пак, министерот за економија Крешник Бектеши, цврсто стои на ставот дека ценовни шокови нема да има и буџетот на граѓаните е безбеден.

„Нема да има притисок врз цените на основните прехранбени производи, земјата има задоволително ниво на залихи на прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Нема место за паника кај граѓаните, не се очекуваат ценовни шокови“, кажа Бектеши.

Тој го потврди она што го тврдат граѓаните, дел од производите биле повлечени од рафтовите и тоа од самите трговци кои се обиделе да манипулираатѕ со цените бидејќи денеска ги продавале истите по нови, повисоки цени.

„Тоа целосно е утврдено од страна на надлежните институции и ние нема да дозволиме тоа да се случи и се да се шпекулира и да се манипулира со зголемување на трошоците за граѓаните и затоа сите овие трговци ќе бидат санкционирани и ќе бидат дополнително контролирани. Апелирам до сите трговци да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи зашто од неа, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата“ рече Бектеши.

Министерот потенцираше дека во моментов нема потреба да се стават во функција стоковите резерви со оглед на тоа што производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Казните за трговците кои манипулираат со цените и залихите се движат од 800 евра за микро до 10 илјади евра за голем трговец.

Според Бектеши, руско - украинскиот конфлит нема да влијае врз македонската економија.

Стапката на инфлација во јануари беше дури 6,7 отсто а проекцијата за оваа година е дека ќе биде 4,3 отсто што најмногу се должи на еннергетската криза и ковид пандемијата

XS
SM
MD
LG