Линкови за пристапност

Запрете ја војната, да не гинат невини луѓе: Украински граѓани протестираа пред руската амбасада во Скопје


Со транспаренти, пеење на украинската химна, но и низ солзи стотина украински граѓани денеска одржаа протестен марш низ Скопје и побараа да запре руската агресија врз нивната земја

Запрете ја војната, да не гинат невини луѓе: Украински граѓани протестираа пред руската амбасада во Скопје

Со транспаренти, пеење на украинската химна, но и низ солзи стотина украински граѓани денеска одржаа протестен марш низ Скопје и побараа да запре руската агресија врз нивната земја.

Стоп за војната, стоп за агресијата, помогнете ѝ на Украина, беа пораките што ги упатија учесниците на протестниот марш, што го организираше украинското здружение во земјава, „Лесја Украинка“.

„Не е нормално во 21. Век луѓе да гинат за Путин да остане на власт, за да ја задржи власта со крвави раце од невините украински луѓе. Нашата војска е доволно спремна да се спротивстави. Но, повторно ќе кажам, дипломатијата треба да е на прво место. Да се реши овој конфликт на дипломатско ниво. Да запре војната, да биде мир. Мир во Украина, мир во Европа“, побара претседателот на здружението, Олександр Урбанович.

Украински граѓани во Скопје протестираа против руската агресија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Протестниот марш почна од плоштадот во Скопје и заврши пред зградата на руската амбасада, каде имаше засилено полициско обезбедување. Во протестот се приклучија и македонски граѓани.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од протестот, во кој учествуваа и цели семејства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG