Декрет за општа мобилизација во Украина и забрана за напуштање на државата на сите мажи до 60 години. Украинските власти обвинуваат дека Русија стрела и врз цивилни цели. Улични борби во неколку града. Тенковски и оклопни единици на руската армија се на десетина километри од украинскиот главен град. Срушен мост за да се спречи влез на руската војска во Киев. Диверзантски единици на руската армија веќе се инфилтрирале во Киев тврди претседателот Володимир Зеленски
КИЕВ - „Денешниот ден ќе биде најтежок“. Ова е пораката која утрово ја испрати советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко по ноќта минатата во жестоки борби во неколку града и постојано ракетирање на воени стратешки но и цивилни цели. Руските сили ноќеска го нападнаа и Киев кон кого беше стрелано со балистички ракети и со проектили од авиони и хеликоптери. Се стега обрачот околу главниот град на Украина а жестоки борби се водат во приградски наслеби на десетина километри од центарот на градот.
„Ужасни руски ракетни напади врз Киев. Последен пат нашиот главен град доживеа вакво нешто во 1941 година кога беше нападнат од нацистичка Германија. Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова. Стоп за Путин. Изолирајте ја Русија. Исфрлете ја Русија од секаде“ ,напиша Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина на социјалната мрежа „Твитер“.
Жителите на Киев ноќта ја минаа во засолништата и метрото. Нападот со ракети, проектили и гранати почна околу 4.30 часот утрово.
Украинските власти тврдат дека противвоздушната одрбата соборила најмалку еден авион и неколку ракети.
Руските војски кои навлегоа од прваецот на Белорусија и ја завзедоа некогашаната нуклерана ценјтрала „Чернобил“ прдолжуваат со офанзивата за целта е јасна главниот град на Украина. Жестоки улични борби се регистрирани во Чернихив и Суми, двата клучни града и бедеми на одбрана на патот кон Киев.
Според неофицијални информации, руските трупи веќе се наоѓаат во Иванкив, гратче на петнаесетина киломтери од Киев. Се очекува брз продор на руските тенковски и околопни единици кои до крајот на денот би можеле и да влезат во Киев.
„Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев“, соопшти советникот Герсченко.
Неофицијално руски трупи успеале да се пробијат до населбата „Облон“ на само десет киломтери од центарот на градот.
За да се спречи или барем забави продорот на руската војска, со експлозив е урнат мостот кој е главниот влез во Киев од северната страна. На жителите на Киев им се поделени десетици илјади парчиња автоматско оружје за да се засили одбраната и дадени се инструкции да се подготват т.н. „Молотови коктели“ за да се нанесе што е можно поголема загуба на руската војска доколку влезе во Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во Киев се инфилтрирани диверзантски субврезивни единици и тимови на руската војска, маскирани како припадници на територјалната одбрана а нивна задача е да го ликвидираат него и неговото семејство и да создадат што е можно поголем хаос и паника.
„Јас сум главната цел. Во Киев сум но не ја откривам локацијата“, соопшти Зеленски.
Претседателот Зеленски потпиша декрет за општа мобилизација со важност од 90 дена а мажите на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштаат Украина. Масовно се дели оружје на цивили за да се засили одбраната во градовите и се повикува на што е помасовен одзив во територјалната одбрана.
Зеленски соопшти дека вчера во земјата биле убиени 137 украински цивили и војници, а повредени се стотици
„Убиваат луѓе и претвораат цивилни цели во воени. Тоа е срамно и никогаш нема да биде простено“, рече Зеленски.
Според непотврдени информации, небото над Киев го брани само еден авион на украинската авијација од типот „Миг 29“. Пилотот кој го доби и прекарот „Духот над Киев“ , повторно според непотврдени информации, досега успеал да собори шест руски авиони. Сепак засега нема снимки од воздушни борби на небото над Киев.
Руската морнарица го освои и стратешки клучниот „Змиски остров“ во Црното Море а малубројниот украински гарнизон кој броел 13 војници одбил да се предаде и сите загинале во гранатирањето од руските воени бродови кое уследило. Претседателот Зеленски најави дека тие постхумно ќе бидат одликувани со највисокиот орден „Херој на Украина“.
Војна на Русија и објави хакерската група „Анонимуси“. Тие ја срушија веб страната на државната телевизија „РТ“ (Раша тудеј) како и на неколку владини тела и министерства и предупредија дека се подготвува напад на Киев, што неколку часа подоцна се случи.