Конгресменот Френк Мрван од Индијана е нов член на конгресната група за пријателство со Македонија, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Мрван е и коспонзор на предложената резолуција во Конгресот септември оваа година да се прогласи за месец на македонско- американско наследство.
„Отсекогаш сум бил благодарен за непроценливиот придонес на македонскиот народ и култура во првиот конгресен округ на Индијана и со нетрпение очекувам да продолжам да негувам соработка и пријателство со македонската заедница“, рече конгресменот Мрван.
Претседателот на ОМД Мето Колоски рече дека Индијана, од каде што доаѓа конгресменот Мрван е „сојузна држава со историска и просперитетна заедница на Американци со македонско потекло “.
Конгресната група за Македонија во моментов има 35 членови на Конгресот.