Сцените на плоштадот Мајдан во Киев и пристаништето Мариопол изгледаа мирно, но САД и нивните сојузници рекоа дека им требаат докази за движењето и повлекување на руски војниците и дека заканата од руска инвазија сè уште се наѕира, објави Асошиејтед Прес.
АП пренесе дека руското министерство за одбрана во вторникот објави видео на кое наводно се гледаат руски тенкови и оклопни возила како се качуваат во железнички товарни возови и се враќаат во нивните воени гарнизони.
Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков рече дека некои единици во близина на границата со Украина ги завршиле големи вежби за борбена готовност на руска територија и се вратиле во своите бази со железнички и патен транспорт, но нема визуелни докази за повлекување.
Распоредувањето на Русија од околу 150.000 војници на трите страни на Украина доведе до сериозни предупредувања од Вашингтон, Лондон и другите европски престолнини дека Русија се подготвува да влезе во Украина и да изврши инвазија.