Линкови за пристапност

Семејствата од жртвите во масакрот во Сенди Хук ќе добијат оштета од производителот на оружје Ремингтон Армс


Семејствата на девет жртви на масакрот во основно училиште пред речиси десет години во североисточната сојузна држава Конектикат постигнаа спогодба за оштета од 73 милиони долари во тужбата против Ремингтон Армс, производителот на пушката користена во масовното убиство.

Спогодбата е редок пример за американски производител на оружје да плати отштета за крвопролевањето што произлегува од криминалната употреба на огнено оружје.

„Иако оваа спогодба не ја брише болката од тој трагичен ден, го започнува неопходниот процес да се повикаат производителите на оружје одговорни за производство на воено оружје и за неодговорен маркетинг и реклама на ова огнено оружје“, рече претседателот Џо Бајден.

Бајден ги охрабри државните и локалните законодавци, како и жртвите на оружено насилство, да продолжат со слични акции. „Заедно, можеме да доставиме јасна порака до производителите на оружје и дилерите: тие мора или да ги променат своите деловни модели за да бидат дел од решението за епидемијата на насилство со оружје, или ќе ги сносат финансиските трошоци за нивното соучесништво“, рече претседателот.

Дваесет ученици од прво одделение и шест наставници беа убиени на 12 декември 2012-та, во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат од страна на Адам Ланза, кој стрелал со полу-автоматска пушка Ремингтон додека се пробивал низ училиштето.

Семејствата на жртвите, и еден преживеан од масакрот го тужеа Ремингтон во 2015 година, тврдејќи дека компанијата никогаш не требало да продаде толку опасно оружје за воени услови.

Тие, исто така, рекоа дека се фокусирани на спречување други масовни убиства.

XS
SM
MD
LG