Линкови за пристапност

Подготвени сме за најлошото, рече Столтенберг на средбата со Остин


БРИСЕЛ (АП) Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес во Брисел го поздрави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Ви благодариме за вашата силна посветеност на нашиот сојуз. Ова е уште поважно сега кога Европа е среде критична безбедносна ситуација со руската војска која е распоредена околу Украина. Ние, се разбира, сме подготвени да се вклучиме во дијалог со Русија за да изнајдеме политичко дипломатско решение, но подготвени сме и за најлошото. Затоа сум благодарен за зголеменото присуство на САД во Европа со повеќе војници во источниот дел на алијансата“, изјави Столтенберг.

Остин пристигнува во Брисел поради можноста дека Европа може да избегне војна по неколкунеделните ескалации на релација исток-запад додека Москва распореди околу 150 илјади војници на трите страни со Украина и одржа големи воени вежби.

Русија, пак, извести за повлекување на војниците, а претседателот Владимир Путин во вторникот рече дека Русија не сака војна и дека ќе се потпре на преговорите во нејзините напори да ја елиминира секоја шанса Украина еден ден да се приклучи на НАТО - неговото клучно барање за настанатата криза.

Претседателот Џо Бајден рече дека американските власти не го потврдиле тврдењето на Русија за повлекување. Тој вети дека САД ќе ѝ дадат на дипломатијата „секаква шанса“, но беше скептичен околу намерите на Москва.

XS
SM
MD
LG