Линкови за пристапност

Охрид ги слави и Свети Валентин и Свети Трифун, во зависност од возраста


Што слават охриѓани, Свети Валентин или Свети Труфун?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Десеттината рачно изработени срциња му даваат посебна убавина на излогот на еден од дуќаните во охридската чаршија. Украсен во боите на љубовта, истиот го привлекуваше вниманието на минувачите. Сопственичката Сејдиноска Албертина вели дека им биле потребни околу три часа за се да изгледа како што треба.

„Да, се е рачна изработка што е овде направено и срцињата и мечињата. Срцето е симбол на љубовта и затоа се е така во црвена боја. Мечињата рачно ги изработуваме. Доста се интересни и се доста продавани. Со мала инвестиција може убаво да изгледа и да привлече внимание кај муштериите“, вели таа.

Иако нема многу на број, најиновативните дуќанџии се потрудиле, симболично да го одбележат Свети Валентин или Денот на вљубените.

А, Албертина посакува, овој нејзин пример да го следат и останатите.

„Би било интересно секаде да биде така украсено, за да на младите им е интересно и да биде атракција. Подароци за Свети Валентин купуваат посебно младите на своите сакани“, додава таа.

За разлика од помладите, повозрасните велат дека го слават празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите.

„Жената го слави Свети Валентин, а јас Свети Трифун. Па да парираме, за во семејството да биде се во ред. Подарувам цвеќе. Свети Трифун го прославувам со најдобрите пријатели“, рече еден жител.

„Славам и Свети Валентин и Свети Труфун. Како ги славиме.? Со партнерот си правиме вечера, си гледаме филмови или можеби некаде ќе прошетаме. И така со чаша добро вино ги славиме и двата празници“, рече една млада жителка на Охрид.

„Јас го признавам Свети Трифун, затоа што е наш празник. Ќерката го слави Свети Валентин и затоа неа и на зетот им купувам по нешто. Постарите генерации најверојатно го слават Свети Трифун бидејќи тоа е наш светец, а помладите го прифатија од западот Свети Валентин, бидејќи во мое време никој не го спомнувал Свети Валентин“, рече една жителка.

Она што ги поврзува и двата празници е што се слават во еден исти ден, 14-ти февруари.

XS
SM
MD
LG