Линкови за пристапност

Најфреквентниот граничен премин САД – Канада повторно функционира нормално


Полицијата во Канада ги расчисти и уапси преостанатите демонстранти во близина на најфреквентниот граничен премин САД - Канада во неделата, растурајќи ги демонстрациите против мерките за ограничување на Ковид-19 што предизвикаа штета врз економијата на двете нации.

Полицијата во Виндзор соопшти дека биле приведени демонстранти и отстранети возила во близина на Мостот Амбасадор што го поврзува Детроит со канадските фабрики за автомобили.

Бизнисмените бараа од демонстрантите да ги прекинат блокадите.

Протест на камионџиите во Виндзор, Канада.
Протест на камионџиите во Виндзор, Канада.

Додека тие ги отфрлаат мандатите за вакцини за камионџиите и другите ограничувања поврзани со Ковид-19, многу од мерките за јавно здравје во Канада, како што се прописите за носење маски и лекарските пасоши за примени вакцини за влегување во ресторани и театри, веќе се укинуваат, бидејќи се намалува бранот од сојот омикрон.

Ограничувањата за пандемијата беа далеку построги во Канада отколку во САД, но Канаѓаните во голема мерка ги поддржаа. Огромното мнозинство од Канаѓаните се вакцинирани, а стапката на смртност од Ковид е една третина, споредено со САД.

Демонстрациите поттикнаа протести ширум светот, вклучително Франција, Холандија, Швајцарија и Австралија.

XS
SM
MD
LG