Линкови за пристапност

Блинкен: Русија може да ја нападне Украина „во секое време“ и ги повика Американците да ја напуштат Украина


Американскиот државен секретар Антони Блинкен денес предупреди дека Русија може да ја нападне Украина „во секое време“ и ги предупреди Американците веднаш да ја напуштат Украина.

Блинкен го издаде предупредувањето во Австралија по средбата со лидерите на земјите од Австралија, Јапонија и Индија.

„Како што рековме претходно, ние мислиме дека инвазијата може да започне во секое време. Да бидам јасен, тоа може да се случи и за време на Олимпијадата“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција во Канбера.

„Продолжуваме со повлекувањето на нашите луѓе од амбасадата“, рече Блинкен. „Ќе продолжиме со тој процес но, исто така, бевме многу јасни дека сите американски граѓани кои се наоѓаат во Украина треба да заминат сега“.

Русија тврди дека нема планови да ја нападне Украина, но сака Западот да ги задржи Украина и другите поранешни советски земји надвор од НАТО.

Блинкен е во посета на Австралија како дел од напорите на администрацијата на Бајден да покаже дека нејзиниот долгорочен стратешки фокус останува на азиско-пацифичкиот регион и дека украинската криза нема да ја оддалечи од нејзините главни приоритети.

XS
SM
MD
LG