Линкови за пристапност

Британскиот премиер Џонсон повика на солидарност против „руската агресија“


Велика Британија денес ја повика Русија да го одбере „дипломатскиот пат со кој се избегнуваат конфликти и крвопролевање“, истовремено предупредувајќи против какви било руски потези кои го поткопуваат суверенитетот на Украина.

„Во основа, војната во Украина би била погубна за рускиот и украинскиот народ како и за европската безбедност, додека НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина ќе има огромни последици и ќе носи сериозни трошоци“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трус која се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Западните влади ја повикуваат Русија да преземе чекори за деескалација на кризата откако распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата, како и воени бродови до Црното Море и испраќајќи повеќе војници и воена опрема во Белорусија, друг украински сосед. за воените вежби што започнаа во четвртокот.

Украина, исто така, започна свои воени вежби во четвртокот, а двете ќе траат до 20-ти февруари.

Лавров во четвртокот рече дека само „дијалог со взаемно почитување“ може да доведе до нормализирање на односите.

Британскиот премиер Борис Џонсон отпатува денес во Брисел за да разговара за кризата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред да се упати на повеќе состаноци со лидерите во Полска.

Џонсон ја нарече ситуацијата „најголемата безбедносна криза со која се соочува Европа со децении“ додека повика на солидарност со сојузниците во НАТО. Тој им рече на новинарите дека не мисли дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште донел одлука дали да ја нападне Украина.

Столтенберг им рече на новинарите дека испратил писмо до Лавров во кое ја поканува Русија на повеќе рунди состаноци за „да се најде дипломатски пат“.

„Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста на Русија и подготвени да разговараме за начините за одржување и зајакнување на основните принципи на европската безбедност на кои сите ние се потпишавме“, рече Столтенберг.

Прес секретарката на Белата куќа, Џен Псаки, во средата изјави за новинарите дека Русија презема ескалаторски чекори во последните неколку недели и дека САД се надеваат на промени.

Западните разузнавачки експерти велат дека веруваат дека Москва располага со околу 70 отсто од своите ударни сили за напад врз својата некогашна советска република, која во последниве години се наклони кон Запад и се обидува да се приклучи на НАТО.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG