Врховниот совет за радио и телевизија на Турција им даде рок од 72 часа на три меѓународни медиумски организации да извадат лиценци за работа или во спротивно ќе биде блокиран пристапот до нивните платформи, најави член на агенцијата, објави „Ројтерс“.
Илхан Тасчи, кој е и опозициски законодавец, го критикуваше потегот на Советот да бара дозволи од турските јазични веб-страници на „Дојче Веле“, „Глас на Америка“ и „Јуроњуз“, велејќи дека тоа претставува уште еден напад на слободата на медиумите во Турција.
Бордот на турскиот Врховен совет за радио и телевизија веднаш не беше достапен за коментар за вакавото барање на лиценци.
Турција во последниве години воведе зголемен медиумскиот надзор, давајќи му на Врховниот совет за радио и телевизија сеопфатна контрола на сите онлајн содржини, со право да ги отстранува.
Околу 90 отсто од главните медиуми во Турција сега се во сопственост на државата или се блиски до Владата.