Канадските законодавци изразија загриженост за економските последици од протестот на камионџиите, кои привремено го блокираа најзафатениот граничен премин меѓу САД и Канада поради нивниот револт околу ковид рестрикциите.
Блокадата на мостот Амбасадор меѓу американскиот град Детроит, Мичиген и канадскиот град Виндзор, Онтарио, го спречи сообраќајот кон Канада. Тука се одвива 25 отсто од трговијата меѓѓу двете држави. Демонстрациите се проширија и на други локации, некои и во близина на канадската граница.
Министерот за вонредна подготвеност Бил Блер, рече дека рестрикциите се воведени каде тоа е неопходно поради условите, но, оти се` уште не е време за нивно отстранување.
Демонстрантите рекоа дека нема да заминат додека наредбите за задолжителна вакцина и другите ковид рестрикции не бидат отстранети.