Линкови за пристапност

Тивко но, сепак продолжуваат разговорите за иранскиот нуклеарниот договор во Виена


ВИЕНА, (Ројтерс) - Индиректните разговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави за спасување на нуклеарниот договор на Техеран од 2015-та година со светските сили продолжија во вторникот по десетдневна пауза, но законодавците не кажаа дали се поблиску до решавање на проблемот.

Делегатите велат дека разговорите постигнале ограничен напредок откако тие продолжија во ноември, по петмесечна пауза, поттикната од изборот на тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси.

Преговорите се забрзаа минатиот месец, но голем број витални прашања остануваат нерешени и западните сили велат дека останува уште малку време.

Додека официјални лица од Иран, САД, Русија, Кина, Франција, Германија, Велика Британија и Европската унија почнаа да се состануваат во различни формати во вторникот, не беше веднаш јасно колкав напредок е овозможен со какви било политички одлуки.

Координаторот на разговорите, Енрике Мора, одби да коментира за новинарите во Виена, каде што преговорите започнаа пред 10 месеци.

Договорот од 2015-та година наметна ограничувања на иранските нуклеарни активности што го продолжи времето на Техеран да произведе доволно фисилен материјал за нуклеарна бомба, доколку сака, на најмалку една година од околу два до три месеци. Повеќето експерти велат дека времето сега е пократко отколку кога беше склучен договорот.

Иран негира дека е во трка по нуклеарно оружје.

Тогашниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во 2018-та година, повторно наметнувајќи ги санкциите на САД врз економијата на Иран што го намали неговиот витален извоз на нафта.

Иран одговори со прекршување на многу ограничувања од договорот и многу подалеку од нив, збогатувајќи ураниум до степен на оружје и користејќи напредни центрифуги за да го направи тоа, што му помогна да ги усоврши своите вештини во ракувањето со тие машини.

Иран инсистираше на тоа дека откако САД се повлекоа од договорот, на Вашингтон е да го направи првиот чекор со тоа што ќе се согласи да ги укине санкциите и ќе гарантира дека нема повторно да се повлече. Западните власти велат дека бараат решение каде двете страни ќе дејствуваат координирано.

XS
SM
MD
LG