Линкови за пристапност

Макрон по разговорите со Путин, се среќава и со Зеленски за намалување на напнатоста


Зеленски и Макрон во Киев
Зеленски и Макрон во Киев

Францускиот претседател Емануел Макрон патува за Киев на разговори со претседателот Володимир Зеленски за намалување на напнатоста на украинско-руската граница.

Неговата посета доаѓа еден дена откако му оддаде признание на Зеленски за „само-контрола“ во време на распоредување десетици илјади руски војници на границата.

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, Макрон ја потенцираше потребата Европа да работи со Русија да најде начин за изградба на заедничка иднина, како Европејци.

Тој рече дека од средбата со Путин произлегле бројни предлози, но не сакаше да открие детали.

Русија негира дека има планови да изврши инвазија врз соседот, но бара САД и сојузниците да се обврзат Украина и другите поранешни советски републики никогаш да не влезат во НАТО, како и Алијанската да го намали распоредување војници во Источното крило.

Вашингтон и НАТО ги отфрлија таквите барања од Кремљ.

XS
SM
MD
LG