Кина официјално ги започнa Зимските олимписки игри 2022 година со церемонијата на отворање на култниот Национален стадион во Пекинг, познат и како Птичјото гнездо, местото на церемониите за Летните игри 2008 година.
Церемонијата на отворањето во петок треба да започне во 20:00 часот (1200 UTC) и на неа ќе присуствува претседателот Си Џинпинг, кој ќе го објави официјалното отворање на Игрите.
На Кси ќе му се придружат високи личности, вклучително и рускиот лидер Владимир Путин, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Но, неколку земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Канада, организираат дипломатски бојкот на Игрите во знак на протест против, како што велат, геноцидот на околу еден милион муслимански Ујгури во далечната западна кинеска провинција Ксинџијанг.
Властите во Пекинг ги отфрлија обвинувањата за кршење на човековите права.
Индија е последната која се приклучи на бојкотот. Најавата на Њу Делхи дојде откако Кина вклучи во штафетата на олимпискиот факел пред отворањето во петокот војник кој учествуваше во смртоносниот граничен судир со индиските војници во 2020-та година. Учеството на војникот Чи Фабао го пренесоа кинеските медиуми.
Германската лизгачка Натали Гајзенбергер рече дека размислувала за бојкот, но се одлучила против тоа.
Овогодинешните игри доаѓаат во време на голем број ограничувања поврзани со ковид-19 наметнати на речиси 3.000 спортисти и на јавноста. Билетите не беа продадени на пошироката јавност поради здравствени проблеми и иако некои гледачи ќе бидат присутни на церемониите, бројот на присутни е нејасен.
Спортистите нема да имаат можност да ја истражуваат Кина надвор од олимписките порти. Тие и персоналот за поддршка на Олимпиското село, печатот и волонтерите се ограничени на одредени места, отсекувајќи ги од остатокот од Кина за време на натпреварот. Официјалните лица велат дека најмалку 290 случаи на ковид-19 веќе се појавиле кај самите спортисти и нивните тимови.
Во меѓувреме, некои земји ги советуваа своите спортисти да не ги носат своите мобилни телефони и лаптопи во Кина поради загриженоста за сајбер безбедноста. ФБИ претходно оваа недела соопшти дека хакерските операции на Кина се „подрски“ од кога било досега.
Одржувањето на Олимпијадата во Кина се совпаѓа со светската загриженост за безбедноста на ѕвездата на кинеската тенисерка Пенг Шуаи, откако таа рече дека висок функционер на кинеската влада сексуално ја нападнал.