Неколку месеци откако американските разузнавачи го следеа водачот на терористичката група Исламска држава до разурната станбена зграда во северозападна Сирија, Амир Мухамед Саид Абдал-Рахман ал-Маула, активираше експлозив, се самоуби, и го уби неговото семејство додека американските сили го опколија и стеснуваа обрачот околу него.
Извештајот за смртта на лидерот на Исламската држава, со потврда од виши функционери на американската администрација, дојде неколку часа откако извештаите за масивна американска антитерористичка операција првпат почнаа да се пристигнуваат од Атмех, град во сириската провинција Идлиб, недалеку од границата со Турција.
Постирањата по социјалните мрежи опишува хеликоптери и американски маринци како се спуштаат на трикатната зграда како дел од повеќечасовна операција, при што некои велат дека американските сили користеле звучници за да ги извлечат цивилите од зградата пред да избие интензивна престрелка.
Но, американските власти, кои сакаа да останат анонимни за детално да разговараат за операцијата, рекоа дека поголемиот дел од уништувањето било предизвикано од Ал-Маула, познат и како Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши и како Хаџи Абдалах, еден на неговите поручници, кои исто така живееле во зградата.
„Како последен чин на кукавичлук и непочитување на човечкиот живот, Хаџи Абдалах активираше експлозија, убивајќи се себеси и неколку други, вклучително и неговата сопруга и децата“, рече еден од официјалните лица во изјава за новинарите.
„Експлозијата беше толку страотна на третиот кат што разнесе тела надвор од куќата и во околните области“.
Поручникот на Исламската држава, рекоа американските официјални лица, се забарикадирал со сопругата и семејството на вториот кат, и бил во престрелка со американските сили, пред да биде убиен.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, во четвртокот соопшти дека најмалку 13 лица биле убиени, меѓу кои три жени и четири деца. Американските власти рекоа дека пред првичната експлозија - што ја активира Ал-Маула - едно семејство, вклучувајќи мајка, татко и неколку деца, можело да избега.
Друга група од четири деца успеала да избега по смртта на поручникот на Ал-Маула. Официјалните лица, сепак, рекоа дека сите напори да се извлечат други цивили од зградата биле намерно попречени од водачите на Исламската држава.
Американскиот претседател Џо Бајден ја потврди смртта на Ал-Маула претпладнево, пофалувајќи ја „вештината и храброста на вооружени сили“.
„Синоќа по моја наредба, американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција за да го заштитат американскиот народ и нашите сојузници, и да го направат светот побезбедно место“, рече Бајден. „Сите Американци безбедно се вратија од операцијата“, потврди тој.
Говорејќи подоцна од Белата куќа, Бајден рече дека операцијата за отстранување на ал-Маула од бојното поле треба да испрати силна порака. „Оваа операција е доказ за дострелот и способноста на Америка да ги отстрани терористичките закани, без разлика каде тие се обидуваат да се сокријат“, рече тој.
Американскиот претседател, исто така, ја пофали работата на американската разузнавачка заедница и „суштинското партнерство“ на Сириските демократски сили поддржани од САД, истакнувајќи дека Ал-Маула бил директно вклучен во планирањето на неодамнешниот еднонеделен напад на Исламската држава врз затворот во Хасака во североисточна Сирија, во обид да се ослободат илјадници приведени борци на ИСИЛ.