Линкови за пристапност

Ковачевски од Брисел: Како НАТО членка се придружуваме на повиците за деескалација и продолжувањето на дипломатскиот дијалог


Прва посета на Димитар Ковачевски во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Прва посета на Димитар Ковачевски во НАТО

Првата посета на НАТО на Димитар Ковачевски како нов македонски премиер помина во знакот на кризата на руско-украинската граница. Главна тема на средбата со првиот човек на Алијансата била ситуацијата која се заканува да премине во отворен судир на источното крило на Алијансата. Брисел сега е фокусиран и кон Белорусија каде се забележува распоредување на 30.000 руски војници и огромна воена техника – потег невиден од деновите на Студената војна. Столтенберг ја повтори пораката до Москва – агресија врз Украина многу ќе ја чини Русија.

„НАТО продолжува да ја повикува Русија на деескалација на ситуацијата. Секоја натамошна руска агресија ќе има остри последици и ќе резултира со висока цена. Подготвени сме да се вклучиме во суштински дијалог и пренесовме пишани предлози до Русија. НАТО нема да прави компромиси за основните приниципи – правото на секоја држава да го избере својот пат и способноста на НАТО да ги брани сите сојзуници. Посветени сме на изнаоѓање политичко решение за кризата, но треба да бидеме подготвени за најлоштото“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Новиот премиер на најновата 30 членка на НАТО од седиштето на Алијансата порача дека Северна Македонија е дел од Сојузот и дека го поддржува територијалниот интегритет на Украина.

„Како НАТО членка се придружуваме на повиците за деескалација и продолжувањето на дипломатскиот дијалог. Стоиме зад НАТО предлозите за одржување тематски средби со Русија за меѓусебните односи, европската безбедност со фокус на Украина, намалување на ризиците и контрола на вооружувањето. Целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во меѓународно признатите граници. Како Сојузници сме цврсто решени и обединети во одговорот. Северна Македонија останува цврсто посветена на основачкиот Вашингтонски договор“, рече премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Оваа порака во Скопје му беше пренесена и на рускиот амбасадор во земјатата. Како одговор на руското трупање сили, НАТО-членките досега одговорија со воена поддршка за Киев и праќање воени единици кон источните членки на Алијансата. САД најавија дополнително распоредување свои сили во Германија, Полска и Романија, а декларираа и 8500 војници со висока подготвеност како дел од НАТО силите за одговор.

XS
SM
MD
LG