Линкови за пристапност

Механизам за заштита од дискриминација за македонските и бугарските бизнисмени договори работната група за економија


Инвестициите се клучни а инвеститорите не смеат да се соочат со пречки и затоа ќе имаат можност да алармираат кај највисоките политички инстанци. Поддршка на стартапи и компании и можности за заедничко финансирање проекти од важност за двете држави е дел од договореното во рамките на заедничка економска група

СКОПЈЕ – Без пречки и опструкции од двете страни на границата за бизнисмените и инвеститорите се клуч за развој на соработката меѓу Северна Македонја и Бугарија и затоа ќе се воспостави механизам за заштита од дискриминација ќе се олеснуваат евентуалните проблеми. Ова го договорија минстерот за за финансии Фатмир Бесими и бугарскиот министер за иновации и раст Даниел Лорел на првата среба на работната група за еконимија, трговија и иновации која се одржа денеска во Скопје.

Двајцата министри инфромираа дека овој механизам се создава превентивно бидејчќи засега нема такви примери и додадоа дека допрва ќе се прецизира како ќе функционира.

„Да илустрирам како би требало, како би сакал да работи овој механизам. Ако некоја бугарска компанија која сака да инвестира во Северна Македонија ако некоја локална власт го кочи издавањето на дозволата за градба тоа веднаш ќе се сигнализира до македонските власти и автоматски стига и до нас, до мене до вицепремиерот Битиќи или обратно, за потоа да го решаваме веднаш“, изјави Даниел Лорел, министер за иновации и раст на Бугарија.

На денешниот состанок на работната група разговарало за конкретни проекти од областа на иновациите, земјоделството, стартап индустријата, финансиските инструменти, европските фондови, економскиот равзој и подобрувањето на животниот стандард.

„Денеска имавме можност да дискутираме за важни теми што ја покажува нашата заложба за остварување на унапредување на економската соработка. Иновации, инвестициите, поддршка на петприемништвото, технолошки развој, како и развојот на нови иновациски инструменти беа тема на денешниот состанок. Формирањето и функционирањето на работната група е веќе реалност и ќе се заложиме идеите што ги споделивме да се претворат во конкретни проекти кои ќе имаат влијание на развојот, растот и стандардот на граѓаните “, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Двајцата министри информираа дека следната средба ќе биде наредниот месец а дотогаш ќе фокусираат на соработката на двете банки за равој, соработка на инвестициските фондовите, и на хармонизациија на економската регулатива и на програмите во земјоделието.

На средбата на работната група за економија не присуствуваше бугарската министерката за економија, Корнелија Нинова, која според бугарските медиуми, не допатувала во Скопје во знак на протест бидејќи претсеателот Стево Пендаровски ги примил на средба претставниците на македонското малцинство во Бугарија.

XS
SM
MD
LG