Линкови за пристапност

ИЈЗ: Починале 13 пациенти кои се рефинцирале со Ковид – 19


Речиси 12 илјади нови случаи за една недела, 148 пациенти починаа како последица на коронавирусот. Секој трет ПЦР тест е позитивен. Досега се реинфицираа речиси шест и пол илјади лица. Болниците се полнат, 671 хоспитализиран, се отвараат ковид центри во Клиниките


СКОПЈЕ – Четвриот бран на епидемијата на коронавирусот во Северна Македонија, во кој доминантен сој е „Омикорн“, полека го достигнува пикот и веќе втора недела се бележи минимално зголемување на бројката на новозаболени на неделно ниво. Но расте бројот на реинфицирани граѓани како и бројот на хоспитализирани во Ковид центри и на инфективните одделенија.

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) минатата недела се регистрирани 11.916 новозаболени во сите 35 градови во државата. Тоа е за 2,7 отсто повеќе споредено со неделата претходно кога беа регитрирани 11.598 заболени.

„Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=6.033; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.420,7/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ.

За разлика од претхонито периoд, минатата недела, повторно на удар се граѓаните над 60 годишна возраст каде се бечежи зголемување на бројот на заболени за над 25 отсто. Во периодот од 24 до 30 јануари по идентични 22,1% од вкупнито број заболени се од врасните групи од 30 до 39 години и над 60 години.

Минатата недела поради компликации предизвикани од коронавирусот починаа 148 лица што е за речиси 40 отсто повеќе од неделата преходно. Од почетокот на епидемијата 13 пациенти кои по вцтора пат се инфицирале починале а вкупната бројка на жртви е 8.409 жртви.

Само минатата недела регистрирани се 1.558 случаи на реинфекција, односно лица кои по втор пат се заразиле со Ковид -19 а вкупната бројка на реинфицирани од почетокот на епидемијата е 6.494. Седумнаесет лица се инфицирале по трет пат.

Минатата недела граѓаните направиле речиси 40 илјади ПЦР тестови во државните и приватните лаборатории а секој трет бил позитивен.

„ Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%“, информираат од ИЈЗ.

Иако „Омикрон“ сојот е со полесни симптоми, сепак поради огромни број на новозаболени дневно болниците повторно почнаа да се полнат и се реактивираат ковид центрите во склоп на Кликите.

„Според извештаите од болниците моментално е хоспитализирано 671 лице (22,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 390 се на кислородна поддршка (14,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 31 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (14,8% повеќе во споредба со претходна недела), информираат здравствените власти.

Во моментов како активни се водат 13.628 случаи а повеќе од половина се во Скопје кое е најголемо жариште на вирусот.

XS
SM
MD
LG