Линкови за пристапност

Бајден бара Катар да ја снабдува Европа со природен гас во случај на санкции од Москва


Претседателот Џо Бајден и катарскиот шеик Тамим бин Хамад Ал Тани се состанаа денес во Белата куќа, каде разговараа за снабдувањето на Катар со природен гас за Европа во случај на руски напад врз Украина во првите редови на нивните разговори.

Емирот е првиот лидер од Персискиот Залив кој се сретна со Бајден во Вашингтон за време на неговото едногодишно претседателствување.

Тајмингот на состанокот не е случаен, бидејќи САД и западните сојузници се загрижени дека ако воведат строги економски санкции кон Москва во случај таа да ја нападне нејзината поранешна советска република, рускиот претседател Владимир Путин би можел да возврати со прекинување на снабдувањето со енергија за западноевропските земји.

Русија обезбедува околу една третина од енергетските потреби на Западна Европа. Катар, земја со околу 2,9 милиони жители, е втор најголем извозник на течен природен гас во светот.

Со веќе постоечките енергетски договори на Доха со азиските земји, аналитичарите велат дека не е јасно дали Катар има капацитет за производство на гас за да помогне и во снабдувањето на Европа.

САД и западните сојузници се обидуваат да постават различни непредвидени ситуации во случај на инвазија на Украина од Москва. Русија вели дека не планира да ја нападне Украина, но исто така има распоредено повеќе од 100.000 војници на источното крило на Украина.

Покрај разговорите со Бајден и државниот секретар Антони Блинкен, Тамим во понеделник треба да се сретне и со секретарот за одбрана Лојд Остин, со секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и со клучните членови на Конгресот.

Бајден и Тамим најверојатно ќе разговараат и за тековните обиди на САД повторно да се приклучат на меѓународниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма од која се повлече поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во неговата посета на Вашингтон, Тамим, исто така, најверојатно ќе побара од САД да го одобрат барањето за купување на американски беспилотни летала предатор и американски стелт-ловци Ф-35.

XS
SM
MD
LG