Официјалните претставници на Олимписките игри во Кина соопштија дека 37 лица, вклучително и спортисти и претставници на тимовите, биле позитивни на коронавирусот во неделата. Во саботата позитивни резултати добиле и други 34 лица.
Според извештајот на Њујорк тајмс, повеќе жители на крајбрежјето на Западниот брег „се заразиле со коронавирусот во последниот месец отколку во целата минатата година“.
Весникот објави дека минатата година едно здружение регистрирало 1.624 инфекции со коронавирус меѓу работници на пристаништата, додека најмалку 1.850 случаи се пријавени во последниот месец.
Ресурсниот центар за коронавирус Џон Хопкинс рано во понеделникот соопшти дека регистрирал 374,8 милиони глобални инфекции со ковид и над пет милиони смртни случаи. Центарот соопшти дека се администрирани речиси 10 милијарди вакцини.
Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.