Линкови за пристапност

Се урна мост во Питсбург неколку часа пред Бајден да го промовира планот за обнова на инфраструктурата


Целта на посетата на претседателот е да ги истакне напорите на администрацијата за зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, зајакнување на производството и инфраструктурата на државата
Целта на посетата на претседателот е да ги истакне напорите на администрацијата за зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, зајакнување на производството и инфраструктурата на државата

Се урна мост во Питсбург, Пенсилванија, само неколку часа пред посетата на претседателот Џо Бајден, кој на Универзитетот Карнеги Мелон, на неколку милји од урнатиот мос, зборуваше за потребата за подобрување на распадната инфраструктура во државата.

Целта на неговата посета е да ги промовира напорите на администрацијата за зајакнување на глобалниот синџир на снабдување, зајакнување на производството и инфраструктурата на државата.

Локалните власти соопштија дека најмалку десет лица се повредени. Се` уште не е јасно што го предизвикало уривањето на мостот.

На претседателот Бајден му беше соопштен инцидентот, се вели во соопштението од Белата куќа, во кое се нагласува дека тој ќе продолжи со патувањето и ќе остане во контакт со официјални лица за дополнителна помош.

„Нашиот тим е во контакт со државните и локалните функционери на теренот додека тие продолжуваат да собираат информации за причината за колапсот“, напиша на Твитер портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Претседателот им е благодарен на надлежните што реагираа и што побрзаа да им помогнат на возачите кои беа на мостот во тој момент“, изјави таа.

Претседателот зборуваше за законот за инфраструктура од 1,2 трилиони долари донесен во ноември со двопартиска поддршка, за зајакнување на синџирите на снабдување и за обнова на критичната инфраструктура - патишта, мостови, пристаништа и аеродроми.

XS
SM
MD
LG