Линкови за пристапност

Врховниот суд ќе ги слушне аргументите за оспорување на користење на расата како еден од факторите за прием на универзитет


FILE - An American flag waves in front of the Supreme Court building on Capitol Hill in Washington, Nov. 2, 2020.
FILE - An American flag waves in front of the Supreme Court building on Capitol Hill in Washington, Nov. 2, 2020.

Врховниот суд оваа недела објави дека ќе расправа за два случаи кои ја оспоруваат практиката на некои универзитети во САД да ја користат расата на апликантот како еден од факторите што влијаат на приемот

Судот рече дека ќе комбинира два случаи - еден против Универзитетот Харвард и друг против Универзитетот во Северна Каролина.

Централното прашање што го идентификуваше највисоката судска истанца во двата случаи е дали треба да ја поништи сопствената одлука од 2003 година во случајот „Грутер против Болингер“, а која Судот ја потврди во 2016 година, и којашто им дозволи на универзитетите да ја користат расата како фактор во одлуките за прием на студентот.

Поддржувачите на афирмативната мерка посочуваат дека многу од факторите кои обично се сметаат за „критериуми“ од страна на застапниците на таквите приемите, самите не може да се одвојат од привилегијата.

Случајот за афирмативна мерка нема да биде сослушан додека не започне следниот мандат на Судот во октомври.

XS
SM
MD
LG