Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори; СДСМ упатува на редовни избори по две години


Собрание на Северна Македонија
Собрание на Северна Македонија

Димитар Ковачевски нема многу причини да биде насмеан – со преземањето на премиерската функција ги презеде и проблемите од претходниот владин состав – енергетската криза и навременото снабдување со електрична и топлинска енергија, брзото ширење на омикрон варијантата, економското оправување од ковид – пандемијата, разговорите со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите....

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори; СДСМ упатува на редовни избори по две години
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Ако новиот премиер заедно со бугарскиот колега успеа да внесе нов поттик во разговорите меѓу двете земји, засега, такво нешто не му успева во однос на релациите со опозицијата која не му ги дава „џентлменскиот 100 дена“.

Ковачевски не впиша ниту една недела откако влезе во премиерскиот кабинет, а ВМРО-ДПМНЕ веќе, во континуитет, неколку дена по ред бара предвремени избори.

Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи кои што во моментов се наоѓаме, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ.
Митева, ВМРО-ДПМНЕ

„Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи кои што во моментов се наоѓаме, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица“, изјави Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ.

Настапот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ е повторување на изјавата на лидерот Христијан Мицкоски пратена од Охрид во која и тој се обиде, за идејата за предвремени избори, да ги одоброволи помалите партии – дел од коалицијата предводена од СДСМ, дека ќе бара една изборна единица – нешто за што со години се залагаат малите партии.

Дел од тие партии ја поддржуваат иницијативата на опозицијата за една изборна единица, но тоа според нив не значи и по автоматизам поддршка и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори.

„Повеќето од партиите се изјаснуваат дека се за тоа да има една изборна единица. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи тоа.“, изјави Павле Трајанов, Демократски сојуз.

И Алијанса за Албанците, која тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ, не е за избори сега, туку сака прво на новата влада на Ковачевски да и даде 100 дена, па потоа да се проценуваат условите за избори.

Владејачкиот СДСМ повтори дека неговите позиции се - наредните парламентарни избори да бидат редовни.

Следните парламентарни избори ќе бидат редовни избори.
Каевски, СДСМ

„Следните парламентарни избори ќе бидат редовни избори. Оваа Влада има полн легитимитет и во период што следи да ги спроведе сите реформи, сите процеси, сите проекти и сето она што значи добро за граѓаните, подобрување на стандардот на граѓаните, и токму во овие 2 и пол години има полн легитимитет да го стори сето тоа.“, истакна Дарко Каевски, СДСМ.

Редовните парламентарни избори треба да бидат во 2024 година. Последните редовни парламентарни избори во Северна Македонија се одржаа во далечната 2006. Оттогаш сите избори за пратеници беа предвремени.

XS
SM
MD
LG