Линкови за пристапност

Американците од денес може да нарачаат бесплатни тестови против Ковид-19 на домашна адреса


FILE PHOTO: Free COVID-19 test kits distributed to DC residents in Washington are seen in this illustration
FILE PHOTO: Free COVID-19 test kits distributed to DC residents in Washington are seen in this illustration

Американската влада и официјално ја лансираше интернет-страницата каде Американците може да побараат бесплатни тестови против Ковид на домашна адреса.

Covidtests.gov – е страницата на која милиони Американци почнаа да ги нарачуваат домашните тестови за домашна употреба: https://www.covidtests.gov

За регистрирање на страницата е потребно помалку од една минута и таа е поврзана со формулар од американската пошти, при што се внесува домашната адреса каде да бидат доставени тестовите.

Од Поштите, најавија дека ќе бидат потребни шест до 12 дена за достава на тестовите.

„Околу 650.000 мажи и жени од Американските пошти се подготвени да ги достават тестовите кои играа клучна улога во поддршка на здравени потреби на американскиот народ, изјави првиот човек на Американските Пошти Луис Де Џој во соопштение минатата недела.

https://www.covidtests.gov/
https://www.covidtests.gov/

Претседателот Џо Бајден минатата недела најави дека владата ќе нарача дополнителни 500 милиони тестови за домашна употреба, како дополнување на нарачката од минатиот месец за половина милијарда тестови.

Американците имаат можност да купат тестови по аптеките и во други продавници со месеци. Новите федерални прописи кои стапија во сила во сабота, ги обврзуваат приватните здравствени осигурителни компании да ги покријат трошоците за тестовите против Ковид за домашна употреба, но компаниите објавија дека ќе бидат потребни недели пред да обезбедат, поврат на парите до корисниците.

XS
SM
MD
LG