Линкови за пристапност

Верајзон и АТ&T ја одложија мрежата 5Г до аеродромите во САД

FILE PHOTO: A Southwest Airlines plane approaches to land at San Diego International Airport as U.S. telecom companies, airlines and the FAA continue to discuss the potential impact of 5G wireless services on aircraft electronics in San Diego, California,

Големите американски телекомуникациски компании АТ&T и Верајзон го одложија лансирање на новата безжична мрежа во близина на главните аеродроми откако најголемите авионски компании во нацијата објавија дека новите сервиси може да ја попречат технологијата за авионите и да предизвикаат проблеми за време на слетувањето или полетувањето.

Одлуката од телекомуникациските компании уследи откако администрацијата на претседателот Бајден постигна договор со теле-компаниите и авионските гиганти.

„Ние сме фокусирани на изнаоѓање решение со коешто ќе се минимизира попречувањето при летањето со патнички авиони, карго операции и економската обнова. Важно е да се постигне договор, што повеќе авиони да продолжат да сообраќаат до дестинациите“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Авионските компании сакаат да се забрани новата безжична врска 5Г на три километри од пистите, истакнувајќи дека им попречува на пилотите да слетаат, кога видливоста е слаба.

Workers install 5G telecommunications equipment on a T-Mobile US Inc tower in Seabrook, Texas.
Workers install 5G telecommunications equipment on a T-Mobile US Inc tower in Seabrook, Texas.

АТ&T и Верајзон тврдат дека нивната опрема не влијае врз технологијата во авионите, и оти таа е безбедна, и веќе се користи во многу држави во светот.

Администрацијата на Бајден најави дека ќе работи со двете страни да се пронајден постојано решение за оддалеченоста на 5Г мрежата до аеродромите.

XS
SM
MD
LG