Линкови за пристапност

Бајден ќе ја одбележи првата година во Белата куќа со прва прес-конференција во 2022-ра


Претседателот Бајден во Белата куќа
Претседателот Бајден во Белата куќа

Претседателот на САД Џо Бајден ќе одржи прва прес-конференција во Белата куќа со два клучни аспекта во агендата кои се наоѓаат во ќорсокак во Конгресот, како и пандемијата со Ковид-19 која и натаму предизвикува хаос дома и во странство.

Првата прес-конференција на Бајден во 2022-ра доаѓа во време на бележи постојан пад на поддршката во јавноста од хаотичното повлекувањето на американските војници од Авганистан во септември. Според Универзитетот Квинипек има одобрување од под 40 проценти и сега изнесува само 33%.

Ниската стапка на одобрување најмногу се должи на начинот на кој се справува со пандемијата со коринавирусот, која влегува во трета година и покрија интензивната кампања на администрацијата во Вашингтон за вакцинација.

Иако успеа да издејствува масивен пакет од еден трилион за ревитализирање на инфраструктурата во Конгресот, засега конечното гласање за 1,8 трилиони долари пакетот наречен “Build Back Better” во кои се вклучени социјална помош и битка против климатските промени е во ќорсокак, поради противењето од член од неговата демократска партија, Џо Манчин од Западна Вирџинија, кој има клучен глас во поделениот Сенатот.

Агенцијата Ројтерс пренесе дека Белата куќа е подготвена за отстапки во првичната верзија од пакетот, како поддршка за детски додаток за најпогодените семејства и платено здравствено отсуство, со цел да го придобие гласот од сенаторот Манчин.

XS
SM
MD
LG