Линкови за пристапност

САД обезбедуваат дополнителни 200 милиони долари одбранбена воена помош за Украина


Додека државниот секретар Антони Блинкен е во посета на Украина, администрацијата на Бајден денес соопшти дека обезбедува дополнителни 200 милиони долари одбранбена воена помош за Украина во услови на зголемена загриженост од руска инвазија.

Блинкен денес му рече на персоналот на американската амбасада во Киев дека рускиот претседател Владимир Путин има планови да го зголеми бројот на руски војници на околу 100.000 на границата со Украина.

„Во изминатите неколку месеци бевме ангажирани во интензивен фокус на Украина поради значителното зголемување на руските сили во близина на украинската граница. Без провокација, без причина, освен што имаме многу значајна сила. Знајте дека постојат планови за уште повеќе да се зголеми таа сила на многу краток рок”, рече Антони Блинкен, државен секретар на САД

Блинкен, исто така, рече дека руската агресија кон Украина „предизвикува некои многу основни принципи како што нациите не можат да вршат сфери на влијание за да се обидат да ги потчинат соседите на нивната волја.

Блинкен додаде дека администрацијата на Бајден се обиде да стави јасно до знаење дека има два патишта за Русија, постои пат на дијалог да се обиде да ги реши сите разлики по мирен пат преку дипломатија, што е најпосакувано. Но, постои и пат ако Русија избере да ја обнови агресијата на конфронтација и последици.

XS
SM
MD
LG