Линкови за пристапност

Австралија регистрира најголем број жртви во еден ден од Ковид од почетокот на пандемијата


Coronavirus in Australia
Coronavirus in Australia

Новиот сој на коронавирусот Омикрон се шири во Австралија, и предизвика најголема смртност за еден ден од почетокот на пандемијата.

Министерството за здравство објави дека има 74 загубени животи како последица на Ковид, во трите најнаселени држави – Нов Јужен Велс - 36, Викторија - 22 и 16 во Квинсленд.

Новата стапка на починати од Ковид коинцидира со рекордната бројка на пациенти кои завршуваат во болниците и се намалува капацитетот за прием на нови пациенти.

Федералниот министер за здравство Грег Хант објави дека владата го активирала планот да испрати 50.000 медицински сестри и 100.000 лица од болничкиот персонал од приватните институции до областите во Австралија кои се најпогодени од вирусот.

Во меѓувреме, властите во Јапонија ги финализираа плановите да воведат нов сет рестрикции во Токио и неколку други области откако синоќа беа регистрирани нови 20.000 заразени. Осака регистрираше и рекордни 6000 нови случаи од коронавирусот.

На фронтот со вакцинацијата, израелските болници објавија дека првичниот резултатите од истражувањето покажаа дека четвртата доза од вакцината против Ковид-19 нуди ограничен имунитет против новата варијација омикрон.

XS
SM
MD
LG