Врховниот суд на САД му зададе голем удар на претседателот Џо Бајден со што го блокираше задолжителниот мандат за вработените во големи компании да бидат вакцинирани против Ковид или да доставуваат неделни тестови. Истовремено, највисоката судска истанца во САД дозволи да има задолжително вакцинирање за здравствените работници коишто работат со федерално финансирање, пренесе Асошпиејтед прес.
„Разочаран сум што Врховниот суд одлучи да го блокира барањето со кое може да се спасат живот во големите бизнис-корпорации, изјави Бајден во соопштение.
Агенцијата пренесе дека тој ја поздрави одлуката на Врховниот суд дека останува во сила барањето за здравствените работници да бидат вакцинирани и рече дека оваа мерка ќе се одрази врз 10 милиони луѓе.
Но, републиканскиот сенатор од Флорида Рок Скот изјави дека одлуката на Врховниот суд испраќа порака дека Бајден „не е крал и оти наголемо ги надминува ингеренциите на федералната власт и тоа нема да биде толерирано“.
„Прелажав Ковид и сум вакцинирани, но никогаш нема да поддржам задолжително вакцинирање со кое се заплашуваат американските работници и што тоа негативно се одразува врз работните места“, објави Скот преку Твитер.
Претходно, администрацијата за здравје и безбедност (ОСХА), која е федерална агенција, на бизнисите им даде рок до 9-ти февруари да ги спроведат новите прописи или да се соочат со казни.
Но, шест конзервативни судии од Врховниот суд одлучија дека такво барање „навлекува во животите и здравјето врз поголемиот број вработени. Останатите тројца либерални судии во Врховниот суд ја поддржаа „владината мерка за справување со закана од Ковид-19 врз работниците ширум нацијата“.