Линкови за пристапност

Највисока стапка на инфлација во САД во последните 40 години


Consumer Confidence
Consumer Confidence

Американската цени на производите се зголемија за 7% во декември, споредено за истиот период мината година, што е највисока стапка на инфлација во изминатите 40 години, објави Одделот за труд.

Цените во американската економија постојано растеа во 2021-ва, што е најголемо зголемување од 1982-ра.

Аналитичарите велат дека тоа се должи на зголемената побарувачка поврзано со недостигот на снабдување поради пандемијата со коронавирусот. Особено се одрази врз зголемување на цените за автомобилите, апаратите за домаќинствата, како и храната и бензините за возачите.

И покрај стапката на инфлацијата, претседателот Бајден изјави дека извештајот покажува дека има намалување на „цените на основните намирници и на бензинот“.

Тој рече дека тоа демонстрира дека има напредок за забавување на зголемувањето на цените.

Рапидното зголемување на цените на производите го привлече вниманието од Белата куќа, креирачите на политика во Централната банка, Федералните резерви, иако, сите очекуваат високо ниво на цените ќе остане во текот на 2022-ра.

Во ноември, Бајден ја повика Федералната трговска комисија, „да ги истражи постоечките докази за зголемувањето за бензините и гасот од компаниите“. Федералните власти сигнализираа нови обиди за сузбивање на инфлацијата преку ставање крај на директната финансиска поддршка за економијата во март, порано отколку што беше предвидено.

Претседавачот со Федералните резерви Џером Пауел пред конгресната комисија објави дека стабилизирањето на цените е клучно за долгорочното оправување од последиците од пандемијата.

XS
SM
MD
LG