Линкови за пристапност

Три пати повеќе заболени од Ковид -19 за само една недела


„Омикрон“ сојот доминатен и во државата. Болниците почнаа да се полнат, надлежните сеуште без дополнителни мерки. На удар е младата популација. Седум пати повеќе реинфекции во една недела. Онлајн или физичка настава ќе се одлучува дополнително

СКОПЈЕ – Продорот на „Омикрон“ сојот, новогодишните забави и прославите ги дадоа резултатите. Рекорден број на новозаболени се регистрирани во текот на минатата недела и три пати повеќе споредено со последната недела од минатата година.

Во периодот од 3 до 9 јануари здравствените власти потврдија 8.308 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 310 отсто повеќе споредено со неделата претходно кога биле регистрирани 2.641 новозаболен.

Најголем број од новите случаи се во Скопје – дури 5.095 или 61 отсто од сите заболени во тој период а во главниот град и најголемото жариште на вирусот во државата е регистрарана и највисоката инциденца од 803 заболени на 100 илјади жители.

„Во 32 градови се забележува зголемување на инциденцата. Р0 се движи од 1,03 во Демир Капија до 2,98 во Виница“, информираат здравствените власти

Минатата недела направени се 53.248 тестови, 50 отсто повеќе од претходниот период, највиоскиот број на позитивни во еден ден е 22,4 отсто а во просек од овие 53 илјади тестови 15,9 отсто се позитивни.

За разлика од претходниот период овој пат на удар е помладите категории на граѓани кај кои се бележи најголем број на нови случаи.

„Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група 20 - 29 со зголемување од 4,6 пати и возрасната група 30-39 со зголемување од 3,6 пати во однос на претходната недела“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Она што загрижува е што болниците повторно почнаа да се полна. Речиси за половина е зголемен број на хоспитализирани пациенти а огромен број од нив се на кислородна поддршка.

„Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 351 лица (41,0% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 218 се на кислородна поддршка (44,4% повеќе во споредба со претходна недела) и 7 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (22,2% помалку во споредба со претходна недела)“, информираат од ИЈЗ.

Граѓаните кои веќе го прележаа вирусот не се безбедни покажуваат бројките. Дури 946 реинфекции се евидентитарни во системот за само седум дена што е за неверојтни 700 отсто повеќе од неделата претходно.

Минатата недела 41 пациент почина како последица на компликации предизвикани од коронавирусот, најмногу од Скопје и најголем број на возраст од над 60 години.

„Омикрон“ сојот е една од причините за скокот на бројките а последните испутвања на позитивните ПВР тестирања покажаа дека тој е доминантен во Северна македонија.

„Во периодот од 5 до 10 јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци а во 104 од нив (68,4%) е детектирана Омикрон варијантата (Б1.1.529). Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци – по 2 и Виница, Неготино, Битола – по 1“, информираат здравствените власти.

Комисијата за заразни болести денеска имаше состанок но без никаков заклучок, одлуки или дополнителни мерки. Според официјалните инфромации на здравство, се дискутирало за скратување на времето на изолација на асимптоматските случаи од 10 на 7 дена но одлука ќе се донесе во текот на неделата.

Дали ќе има физичка или онлајн настава, како што веќе бараат дел од родителите, ќезависи од епидемилошката состојба а ќе се одлучува и идната недела пред почетокот на второто полугодие на 20 јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG