Линкови за пристапност

Започнаа разговорите помеѓу САД и Русија во Женева, оптимизмот и кај двете страни е мал


Дипломати од САД и Русија се состанаа денес во Женева, започнувајќи со серија разговори на високо ниво во врска со масивното трупање на руска војска долж нејзината граница со Украина и руските барања за западни безбедносни гаранции.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и неговата делегација ја започнаа дипломатската мисија за разговори лице в лице со американската делегација предводена од заменик-државниот секретар Венди Шерман.

По разговорите во Женева, Русија треба да одржи преговори со НАТО во Брисел во среда и во Европа во четврток во Виена.

Врвните дипломати и од САД и од Русија изразија мал оптимизам пред седницата во понеделник дека тензиите меѓу нивните земји ќе се намалат оваа недела.

Русија ги отфрли обвинувањата дека планира да ја нападне Украина и побара прекин на проширувањето на НАТО и стопирање на воените вежби на Алијансата во земјите од централна и источна Европа кои ѝ се приклучија по 1997-ма година.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент издаде соопштение во кое вели дека американската страна работи во консултации не само со Украина, туку и со НАТО и другите сојузници низ Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG