Линкови за пристапност

Бројот на глобални инфекции со ковид ја надмина границата од 300 милиони


За само пет месеци бројот на новозаразени го достигна врвот на исто толку заразени колку што биле пријавени претходната година

Бројот на глобални инфекции со ковид ја надмина границата од 300 милиони. Беа потребни повеќе од една година за да се достигнат првите 100 милиони и само пет месеци за да се додадат уште други 100 милиони, бидејќи светот се справува со многу заразната варијанта на омикрон.

Медицинските професионалци и пациентите во Лондон се тешко погодени од варијантата омикрон, што предизвика владата да распореди 200 припадници на војската, вклучително и 40 лекари.

Критичарите на Националната здравствена служба на земјата велат дека напливот на омикрон ги разоткрива несоодветноста на медицинскиот систем во земјата.

Гувернерот на американската сојузна држава Западна Вирџинија во четвртокот рече дека варијантата на омикрон го поттикнува да побара овластување од Центрите за контрола и превенција на болести за да обезбеди четврта доза од вакцината против ковид на луѓето во неговата држава кои имаат 50 и повеќе години.

Индиското Министерство за здравство денес пријави 117.100 нови случаи на ковид.

Светската здравствена организација вели дека новата варијанта на коронавирус откриена неодамна во Франција не е премногу загрижувачка во моментов.

Научниците од Фондацијата за медитерански инфекции ИХУ во Марсеј, велат дека ја откриле новата варијанта Б.1.640.2 во декември кај 12 пациенти кои живееле во близина на Марсеј, при што првиот пациент бил позитивен по патувањето во централноафриканската држава Камерун.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG