Линкови за пристапност

СЗО: Новата варијанта на коронавирус во Франција сè уште не е закана


Но, научниците од Марсеј велат дека новата варијанта содржи речиси четириесетина мутации кои би можеле да ја направат позаразна и поотпорна на вакцини

Светската здравствена организација вели дека новата варијанта на коронавирус откриена неодамна во Франција не е загрижувачка во моментов.

Научниците од Фондацијата за медитерански инфекции ИХУ во градот Марсеј велат дека ја откриле новата варијанта Б.1.640.2 во декември кај 12 пациенти кои живееле во близина на Марсеј, при што првиот пациент бил позитивен по патувањето во централноафриканската држава Камерун.

Истражувачите рекоа дека идентификувале 46 мутации во новата варијанта, која ја нарекоа „ИХУ“ според институтот, што би можело да го направи поотпорен на вакцините и поинфективен од оригиналниот коронавирус. Францускиот тим ги откри наодите од студијата во онлајн весникот за здравствени науки “medRxiv”, кој објавува студии кои не биле рецензирани или објавени во академско списание.

Абди Махмуд, менаџер за инциденти со ковид-19 во Светската здравствена организација, им рече на новинарите во Женева претходно оваа недела дека, иако варијантата ИХУ е „на нашиот радар“, таа останува ограничена во Марсеј и не е означена како „варијанта за загриженост“ од страна на здравствената агенција на ОН.

Во меѓувреме, меѓународен тим од застапници и експерти за здравствена заштита бара да се администрираат 22 милијарди дози вакцина mRNA низ светот оваа година за да се запре ширењето на омикрон. Тимот бара производство на дополнителни 15 милијарди дози mRNA вакцина, повеќе од двојно од проектираните седум милијарди дози.

Во извештајот се вели дека mRNA вакцините произведени од Фајзер и Модерна покажаа најдобра заштита од неколку варијанти со обезбедување вкрстен имунитет преку таканаречените Т-клетки.

Извештајот беше соработка меѓу научниците од Медицинскиот факултет Харвард, Универзитетот Колумбија, Универзитетот во Њујорк и Универзитетот во Саскачеван и групите за застапување PrEP4All и Партнери во здравството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG