Линкови за пристапност

Истрагата за немилите настани во американскиот Конгрес ќе продолжи


Портпаролката за правда рече дека Гарланд нема да се занимава со конкретни случаи или поединци

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд денес ќе зборува за напорите на Одделот за правда да истражи и гони стотици луѓе вмешани во немирите во американскиот Конгрес пред една година.

Забелешките на Гарланд до вработените во одделот доаѓаат ден пред годишнината од немирот во кој приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, ги искршија прозорците и вратите, ги ограбуваа конгресните канцеларии и се тепаа со полицијата додека пратениците ја носеа одлуката дека Трамп ги загуби изборите во 2020-та година од демократот Џо Бајден.

Гарланд „исто така ќе ја потврди непоколебливата посветеност на одделот да ги брани Американците и американската демократија од насилство и закани со насилство“, се вели во соопштението објавено од одделот.

Портпаролката за правда рече дека Гарланд нема да се занимава со конкретни случаи или поединци.

Досега се уапсени повеќе од 725 луѓе, мнозинството поддржувачи на Трамп, а 225 од нив, се обвинети за напад или давање отпор при апсење. Повеќе од 75 од нив беа обвинети за употреба на смртоносно или опасно оружје против полицијата. Обвинителите велат дека 140 американски полицајци во Конгресот и градската полиција на Вашингтон биле повредени за време на нападот на седиштето на американската влада.

Досега, обвинителите во Вашингтон велат дека околу 165 лица се изјасниле за виновни за различни федерални обвиненија, од прекршоци до опструкции за кривично дело, при што 70 обвинети добиле некаква казна. Од нив, на 31 лице им е одредена мерка затвор, а на 18 им е изречена мерка домашен притвор, а на останатите 21 обвинет условна казна. Некои испитувања се закажани за следниот месец.

Одделот за правда не даде јавна индикација за степенот до кој може да се обиде да ги повика Трамп и неговите политички сојузници одговорни за немирите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG