Омикрон варијантата се шири во Северна Македонија. Детектирани се нови случаи – 8 во Скопје и 1 во Кочани. Министерството за здравство информира дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје од 24 земени примероци од позитивни на ковид-19 кај 9 пациенти e детектирана oмикрон варијантата на вирусот, што, како што соопштуваат надлежните, изнесува 37,5% од позитивните примероци.
По завршувањето на новогодишните празници и прослави се забележува тенеденција на зголемување на бројот на заразени. Во изминатите 24 часа направени се вкупно 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19 во целата земја - најголемиот дел од нив – 766 се во Скопје. Истовремено, регистрирани се 12 починати лица: по 3 во Скопје и во Битола, 2 во Охрид и по еден починат во Велес, Прилеп, Валандово и Струга.
Засега, нема најави за нови рестриктивни мерки во земјава, иако бројот на активни случаи изнесува 5.667.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, а на починати 7.996.
Facebook Forum