Елизабет Холмс, основачката и извршна директорка на сега распуштената компанија за здравствена технологија Теранос, вчера беше осудена по четири точки од обвинението за измама и заговор, со што заврши долгото судење.
Холмс, која брзо го напушти судот без да даде изјава, беше прогласена за невина по четири други обвиненија за кривично дело.
Холмс сега може да се соочи со 20 години затвор за секое обвинение.
Поранешната претприемачка не изрази видливи емоции додека се читаа пресудите.
Теранос, стартап компанијата за тестирање на крв, се сметаше за револуционерна технологија се додека не беше откриено дека дава погрешни резултати. Серијата истражувачки извештаи од The Wall Street Journal ги открија недостатоците во технологијата на Теранос, што подоцна доведе до колапс на компанијата.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес
Facebook Forum