Линкови за пристапност

Политичкиот врв преку видео обраќање им ја честиташе Новата 2022-ра година на граѓаните


Државниот и политичкиот врв во земјата, на последниот ден од оваа година, преку видео-обраќања, на граѓаните им посака подобра и поуспешна 2022-ра за која се најавува дека ќе биде полна со предизвици како справувањето со енергетската криза, пандемијата.... Во дел од обраќањата на претставниците на опозицијата провејуваат и политички пораки за, како што се вели, скорешна промена на власта.

„Не можам со сигурност да знам што не очекува во новата година. Меѓутоа, едно може да потврдам, а тоа е дека сите заедно, без оглед на сето тоа што не разликува, ако сме единствени околу тоа што несомнено не обединува а тоа е Република Северна Македонија да биде дом на нашата младина, земја со европски стандарди и вредности“, изјави претседателот на собрание, Талат Џафери.

„2022-ра година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Ќе работиме за да ја започнеме годината што претстои со отворање на преговорите за членство во Европската Унија, со поставување на камен темелникот на Коридорот 8, енергетската и економската стабилизација, продолжување на гасификацијата и крајот на пандемијата“, рече претседателот на ДУИ. Али Ахмети.

„2022-ра година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG