Линкови за пристапност

Почина поранешниот сенатор од Невада Хари Рид


Преку 34 години кариера во Вашингтон, Рид ја одржа демократската контрола во Сенатот за време на два претседателски мандата

Хaри Рид, поранешен лидер на сенатското мнозинство и член на Конгресот од Невада со најдолг мандат, почина на 82 години, објави Асошиетед прес.

Ланда Рид рече дека нејзиниот сопруг починал по четиригодишна битка со рак на панкреасот. Преку 34 години кариера во Вашингтон, Рид ја одржа демократската контрола во Сенатот за време на два претседателски мандата. Тој се пензионираше во 2016 година.

По неговата смрт, претседателот Џо Бајден рече дека „ако Хaри рече дека ќе направи нешто, тоа ќе биде направено“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG