Линкови за пристапност

Ново истражување вели дека инфекцијата од омикрон може да го зајакне имунитетот против делта


Научниците открија дека имунитетот против понатамошната изложеност на омикрон се зголемил 14 пати околу две недели по инфекцијата, додека исто така откриле дека имунитетот против делта се подобрил за 4,4 пати

Истражувачите во Јужна Африка открија дека луѓето кои биле заразени со варијантата омикрон на коронавирусот развиваат зајакнат имунитет на постарата делта варијанта.

Заклучокот е резултат на новата студија спроведена во Африканскиот здравствен истражувачки институт со седиште во Дурбан, во која учествуваа 33 вакцинирани и невакцинирани лица. Научниците открија дека имунитетот против понатамошната изложеност на омикрон се зголемил 14 пати околу две недели по инфекцијата, додека исто така откриле дека имунитетот против делта се подобрил за 4,4 пати.

Научниците велат дека имунитетот е особено зајакнат кај оние кои се инокулирани.

Алекс Сигал, коавтор на студијата, на Твитер во понеделникот рече дека ако омикронот е „помалку патоген“ како што изгледа, „тогаш ова ќе помогне да се исфрли делтата“.

Студијата, која не е рецензирана од колеги, е поднесена до медицинското списание MedRxiv.

Претходна студија од Јужна Африка откри намален ризик од хоспитализација и тешка болест од омикрон, во споредба со делта.

Видот омикрон брзо се шири низ светот откако првпат беше откриен во јужна Африка во ноември.

Некои информации за овој извештај се од Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG