Линкови за пристапност

Англиската Премиер лига ќе одложи неколку фудбалски натпревари поради ковид


Англиската Премиер лига ќе ги одложи неколку фудбалски натпревари бидејќи рекорден број играчи се позитивни на направените тестови за ковид-19.

Според лигата, повеќе од 100 играчи и персонал биле позитивни во текот на изминатата недела, што доведе до одложување на 15 натпревари.

„Помеѓу понеделник 20-ти декември и недела 26-ти декември, биле спроведени 15.186 тестови на играчи и клупски персонал. Од нив, имало 103 нови позитивни случаи“, се вели во соопштението на лигата.

Некои менаџери на тимовите би сакале да ги променат правилата за да дозволат пет замени по натпревар. Во моментов три се дозволени.

Според извештаите, приближно 77 отсто од фудбалерите на Англиската Премиер лига се целосно вакцинирани.

Американските спортски лиги, како што се Националната кошаркарска асоцијација, Националната фудбалска лига и Националната хокеарска лига, мораа да ги одложат или презакажат натпреварите поради појава на нови случаи со ковид, и покрај високите стапки на вакцинација.

Некои информации во овој извештај се од Ројтерс и Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG