Линкови за пристапност

Омикрон го отежнува патувањето во САД, во Израел четврта доза на вакцина


Во Франција, пак, претседателот Емануел Макрон се очекува да објави нов сет на ограничувања поврзани со ковид-19 во понеделник, откако ќе одржи итен состанок со неговиот кабинет

Омикрон варијантата која брзо се шири доведе до хаотични затворања и откажувања ширум светот откако за прв пат беше идентификувана минатиот месец во неколку јужноафрикански нации. Илјадници летови во Соединетите Американски Држави и ширум светот беа откажани бидејќи голем дел од екипажот биле тестирани како позитивно за ковид-19, оставајќи ги патниците заглавени и во неможност да им се придружат на семејствата и пријателите за време на божиќниот празничен викенд.

Лекарите во Израел почнаа да даваат четврта доза од вакцината против ковид-19, како дел од пробната студија за да се утврди дали дополнителната вакцина може да го зајакне имунитетот против вирусот.

Пробната студија во која учествуваа околу 150 вработени во Медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив, доаѓа само неколку дена откако специјалната советодавна комисија за здравје препорача на луѓето постари од 60 години, како и на оние со компромитиран имунолошки систем и медицинските работници, да добијат четврта доза од Вакцина Фајзер.

Израел го надмина поголемиот дел од светот во вакцинирањето на своите граѓани, вклучително и нудењето засилувачки вакцини или бустер, но темпото е забавено во последниве недели бидејќи се соочува со петти бран на нови инфекции од ковид-19 предизвикани од варијантата омикрон.

Во Франција, пак, претседателот Емануел Макрон се очекува да објави нов сет на ограничувања поврзани со ковид-19 во понеделник, откако ќе одржи итен состанок со неговиот кабинет. Новите мерки доаѓаат откако Франција објави нов еднодневен рекорд од 100.000 нови случаи заболени во саботата. Меѓу очекуваните нови мерки е ограничување на францускиот здравствен пасош, кој е потребен за влез во ресторани и други затворени јавни места, само на оние кои биле целосно вакцинирани.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG