СКОПЈЕ - Сојот „Омикрон“ пристигна и во Северна Македонија. Денес и официјално е потврден првиот случај на заболен со овој тип на вирус кој веќе е доминатен сој во светот. Станува збор за маж кој допатувал во Велика Британија и пред два дена појавил симптоми поради што се тестирал. Тестот бил направен во приватна клиника и бил позитивен а потоа бил и секвенциониран со што се потврдило дека станува збор за сојот „Омикрон“.
Заболениот од „Омикрон“ веќе еднаш прележал Ковид - 19, во јануари годинава кога бил заведен како аспимтоматски случај и станува збор за реинфекција. Во меѓувреме е целосно вакциниран со две дози со вакцината на „Фајзер“.
„ Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот „Омикрон“. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом“, соопштија од здравство.
Сојот „Омикрон“ не се одликува со тешка клиничка слика но поради лесната преносливост и огромните бројки на заболени можно е да се преполнат болниците и да колабира задравтсвенитот систем особено ако се земе предвид дека медицинскиот персонал е преморен и на работ.
Засега нема најави за воведување засилени рестрикции, откако е потврдено присиството на сојот „Омикрон“ кој е далеку попренослив оди сите познати соеви на Ковид - 19 досега. Задравствените експерти предупредуваат дека нешто мора да се стори, особено за претстојните празници кога ќе има групирања и големи прослави.
Во голем дел од државите во ЕУ се откажани и забранети новогодишните прослави,се откаѓуваат летови, а во Грција се воведе задолжително носење маски на отворено а во затворен простор и јавниот превоз исклучоиво само маските од типот „КН 95“.
А денеска е потврдена и смррта на најмладатажртва на Ковид- 19 во Северна Македонија. Според регистарот починало на 29 ноември.Станува збор за едногодишно дете кое имало хронични болести.На 15 ноември било хопитализирано во битолската болница од каде поради критична состојба и сатурација од 64 отсто на 24 ноември е префрлено во детската болница во Козле а потоа и на Клиниката за детски болсети каде и покрај напортите на лекарите ќе почине.
„Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Истото повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања : Остеохондродисплазија , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација завршува летално“, појаснуваат од здравство.
Според официјалните податоци на здравствените власти од почетокот на епидемијата регистрирани се 222.666 заболени од Ковид - 19. Во моментов како активни се водат 5.185 случаи а како последици на комплицакии предизвикани од коронавирусот починаа 7.879 пациенти
Facebook Forum