Линкови за пристапност

САД ќе ја укинат забраната за патување во осум јужноафрикански земји


ВАШИНГТОН (АП) - САД ќе ги укинат ограничувањата за патување во осум јужноафрикански земји на новогодишната ноќ, објави денес Белата куќа.

Ограничувањата наметнати минатиот месец, беа воведени поради ширењето на варијантата омикрон.

Забраната од 29-ти ноември важеше за речиси сите неамерикански државјани кои неодамна биле во Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави.

Портпаролот на Белата куќа, Кевин Муњоз, на Твитер објави дека одлуката е препорачана од Центрите за контрола и превенција на болести. Муњоз рече дека привремените забрани за патување им дале на научниците неопходно време да ја проучат новата варијанта на вирусот и да заклучат дека сегашните вакцини се ефикасни во намалувањето на неговото влијание.

Омикрон сега брзо се шири низ САД, вклучително и меѓу вакцинираните, но најголемиот број од оние кои се хоспитализирани се невакцинирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG