Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД ќе ги сослуша аргументите за задолжителна вакцина за работниците


Група од 27 држави, главно предводени од републиканците, заедно со компаниите и деловните групи го оспорија мандатот за поголемите компании

Врховниот суд на САД во средата соопшти дека ќе ги сослуша усните аргументи за оспорувањето на мандатот за вакцина против ковид-19 на администрацијата на Бајден за компании со најмалку 100 работници и друг мандат за вакцина за здравствените работници.

Судот двете рочишта ги закажа за 7-ми јануари.

Група од 27 држави, главно предводени од републиканците, заедно со компаниите и деловните групи го оспорија мандатот за поголемите компании, тврдејќи дека Управата за безбедност и здравје при работа нема овластување да наметне такви ограничувања.

Мандатот вели дека работниците мора да бидат вакцинирани или да носат маски за лице на работа и да се тестираат неделно. Федералниот апелационен суд во Синсинати минатата недела пресуди дека мандатот може да стапи на сила.

Два апелациони судови го блокираа посебниот мандат за здравствените работници во околу половина од 50-те американски држави. Тоа правило предвидува здравствените работници да бидат целосно вакцинирани до 4-ти јануари и може да влијае на повеќе од 17 милиони работници.

Тоа се однесува на давателите на здравствени услуги кои добиваат средства во рамките на федералните програми Медикер и Медикад за луѓе кои се постари, инвалиди или живеат со пониски примања.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во изјава по објавата на судот рече дека администрацијата на Бајден е „уверена во правната власт“ и дека Одделот за правда „енергично ќе ги брани пред Врховниот суд“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG